На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука која ќе биде и почеток на албанската литература. 

На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници oд Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.