Кога Милтон Манаки со својата камера ја снимал некоја важна личност велел: „За мене и за историјата!“… 

Денеска сите ние ги имаме нивните фотографии кои се внимателно одбрани и преработени благодарение на трудот на нашите големи филмски велемајстори. Професионалци кои несебично одделуваат еден голем период од нивниот живот и нивните најубави години, со цел нешто трајно да остане “За нас и за историјата”… 

Како професорот по фотографија Роберт Јанкулоски авторот на ова монументално дело Манаки.

Обвивката на книгата, на неа фотографија од жена, битолчанка која свири на пиано

Делото Манаки, Јанаки и Милтон е збир на повеќе од 180 фотографии кои се прераскажани на три јазици, македонски, француски и англиски. Резултат на петнаесетгодишното истражување на фотографското творештво на Манаки, а повод за нејзино издавање е изложбата „Фотографското творештво на Браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ што беше реализирана во рамките на 70-от конгрес на филмски архиви што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје во мај 2014 година. 

Посетата на капелата на Кајмакчалан, фотографија која е преку две страници

Истражувањето воглавно се одвиваше во Архивот на Македонија одделение Битола, но беа направени истражувања и во Грција, Романија и Бугарија со цел да се добијат што повеќе детали за нивната работа. 

Изведување на магионичарски трик “Жив закопан” пред Кино Манаки

Објавените фотографии се репродуцирани од оригиналните стаклени плочи коишто за таа цел беа скенирани и дигитално обработени. Новата технологија дава големи можности за обработка на материјалите и можеби за прв пат стаклените плочи го покажаа целиот тонски раскош, сите детали што ги криеле во темните тонови како и оние жртвувани поради тесниот градациски дијапазон на фотографската дејност.
Фотографиите се од периодот 1905-1936 година а го прикажуваат животот во Битола за време на Првата светска војна.

Празнување на Широк Сокак

Милтон кога снимал некоја важна личност велел: „За мене и за историјата“. А, пак Јанаки со цел да ги придобие муштериите им велел: „Денес или утре ние нема да постоиме на овој свет. Секој што живее мора и дa умре. Не постои исклучок и фала му на Господ што е така а не иоинаку. Како и дa e, ако имате совршена фотографија тогаш вашето лице ќе трае и за следните генерации. Вашите внуци и правнуци ќе ве имаат на фотографија: оние кои ќе гo зачуваат вашиот корен после 100, 500 или повеќе години.
Науката ги прави нештата возможни. Во фотографијата не постои магија, туку тоа е нешто природно. “

Авторот Роберт Јанкулоски

Авторот Роберт Јанкулоски е професор по фотографија и директор на Македонскиот центар за фотографија.
Нашата цел е да ја разбудиме вашата љубопитност и затоа Ви преставивме само неколку фотографии.
Книгата можете да ја најдете во винобар “Буре” кај Магнолија, Битола или контактирајте не нас на [email protected] слободно ќе Ви излезиме во пресрет.

Јавна благодарност до господинот Роберт Јанкулоски.