img_20160816_135059.jpgimg_20160816_135041.jpg

 

 

 

 

 

1.ХОТЕЛ БОСНА

Хотелот Босна е граден во 19ти и почетокот на 20ти век.Градба на големиот Керим Паша.Познат бил по својот црвен салон,пердината и килимите.Негови газди од некои непознати луѓе од с.Маловишта,до браќата Перо и Ташку Чомо,па Никифор Јефтиќ,Горчу Куртовски.Изгоре во пожар далечната 1936 г.Комплетно рушен во 50тите за потребата на големи народни плоштади.Локација на сам Широк Сокак кај кружните клупи пред Домот на Културата.

12795378_1510074519301955_6317690512475282491_n

2.ЕСКИ ЏАМИЈА

Сингур Чауш Беј ја подигна првата џамија во Битола далечната 1435 г.Тоа беше првата и најстарата џамија на Балканот.Уништена со динамит во 1956 г.од страна на тогашните власти.Позната како  Сингур Чауш џамија,Ески џамија,Атик или Солак џамија.Локација сегашни згради на ул.И.Милутиновиќ откаршија Јавор Стоковната.

3.КАМЕН МОСТ

Камениот мост во Битола до пред четириесетина години беше голема знаменитост и убавина за битолчани со својот стар стил на градба и како единствен таков последен останат камен мост во градот.Уништен во 70тите со покривањето на коритото на реката Курделец и нејзино асфалтирање.

12494943_1495117534130987_6359797282319621340_n (2)

4.ПЕКМЕЗ ПАЗАР

Локација помеѓу Саат Кулата и Јени џамија.Пазар составен од дуќани градени во половината на 16ти век од страна на Мехмед Ефенди-кадија, кој ги поседувал сите дуќани заедно со Јени џамија во Пекмез пазар.Пазар каде се продавал мед,пекмез,слатки,благи работи и др.Уништен со динамит во 50тите од 20ти век за потребите на големи народни плоштади.

219. Битолскиот Пекмез Пазар, во 1915 година.

5.ЦРВЕНА и БЕЛА КАСАРНА

Изградени во 1837  односно 1844 година.Црвена касарна (К`рмз к`шла), била грандиозен објект во кој можело да се сместат осум батаљони војска.Градена од крушевчанецот Стојан Везенков кој за добро изведената работа, во 1845 година бил одликуван со сабја од султанот и бил назначен за званичен турски архитект. Тука во нив биле стационирани околу 30000 војници.Локација сегашен парк,шеталиште и дел од новата касарна.Уништена темелно низ Првата и Втората Светска војна.

12345

6.СТАР ТЕАТАР

Стариот театар во Битола бил на местото пред сегашниот Дом на Култура,на плоштадот Гоце Делчев.Првобитното решение беше наводно темелно реновирање и во негово продолжение да следи Домот на Културата кое никогаш не се примени.Изграден од Абдул Керим Паша на почетокот на 20ти век на место од стари Турски гробишта и покрај големите негодувања на локалното турско население.Рушен во 1980 г.

5555

7.ЕВРЕЈСКА СИНАГОГА (АВРАТА)

“Ил кал дила хавра”некогашна Еврејска синагога,една од деветте синагоги кои преживеале во Битола.Репрезентативен објект кој преживувал до пред дваeсетина години.Рушен крајот на 80тите од 20ти век.Сегашни адвокатски канцеларии во близина на Безистенот познати како Аврата во Битола.

6666

8.РЕКАТА КУРДЕЛЕЦ

Реката Курделец или Курделес извира од Баба планина.Денеска на нејзиното старото корито се наоѓа улицата Солунска,според некој податоци тоа е направено во 70 тите години од минатиот век.Била спој на две реки.Понекогаш знаела и “многу да збесни” и да ги однеси дрвените мовчина кои биле десетина на број.Името доаѓа од Kurt-dere на турски што значи Волчји Поток.Уште во Турско за време на големите и студени зими во Битола,волците од Пелистерот во потрага за храна, слегувале по неа долу во градот.Во последно време поради повеќето геризи и сливови во неа од страна на канализациите на битолските куќи се ширела неподнослива ареа за што денес мислиме дека се би било уредено како што треба и Битола би имала уште една убавина која ќе носеше свежина со неа.

777

 

9.ГРАНДИОЗНИОТ ЛУСТЕР ВО ОФИЦЕРСКИ


Донесен во Битола далечната 1972 година и е составен од делови од два лустера.Лустерот беше сместен на првиот кат во свечената сала. Тежок бил над 700 килограми до еден тон. Направен е од стакло, кристал и од месинг. Лустерот имал
176 светилки и давал впечаток на галаксија.Оставен сам на милост и немилост.Уништен Август 2016г.

13932814_1243549272331754_6924549176350726037_n

 

wp-1471276180961.jpg