Милка Гемтова-Георгиевска (1954), спортист, дипломиран правник. Уште од најраните детски години застанува на скиите и таа љубов кон планината и спортот ја негува цел живот. Во 1966 г. станува првак на Македонија во пионерска конкуренција во сите три дисциплини – слалом, велеслалом и смук. Истата година го освојува шестото место на Државното првенство на Југославија, кое се одржува во Маврово. Титулата првак на Македонија ја задржува и како младинка и сениорка сè до нејзиното повлекување од активен натпреварувач во 1977 г. Во 1969 г. го освојува петтото место на Балканскиот шампионат во Маврово. Во 1969, 1971 и 1974 г. избрана е меѓу десетте најдобри спортисти во Битола каде и беше доделен епитетот „Царица на белиот спорт“.

Татко ми Ташку-Гемту Тамбата работеше како раководител во Планинарскиот дом “’Копанки“, каде често престојуваше и мојата мајка. Во еден период мајка ми слезе од планина. ме породи и за ден-два повторно се качи во Домот. Таму ме капеа, негуваа и разбирливо беше да ја засакам и планината и скијањето. Татко ми, ми помогна да ги направам првите скијачки спуштања низ патеките, да се научам не само да се скијам, туку и да се натпреварувам. Тој толку ја сакаше планината што дури и почина ненадејно таму во 1996 година-раскажува Милка. 

“-Започнав да се натпреварувам во 1965 година и веднаш освоив прво место. Потоа поледнакви успеси имавме со Милка Стојановска и со Беба Цалевска. Каде и да одевме трите речиси секогаш ги освојувавме првите места. Редовно се натпреварував до 1978 година, а потоа две години бев тренер на Пелистер и македонската реп

резентација.


Интересно е да се спомене дека во летото во 1971 г. освојува 3. и 4. место во скијање на вода на Државното првенство на Југославија, кое се одржа во Отешево. 


Во 1971, 1972 и 1974 г. е апсолутен првак во сите три дисциплини на тромечите помеѓу Македонија, Србија и Црна Гора кои се одржуваат во Жабјак и на Попова Шапка. 

Истиот успех го повторува и во 1975 г. на тромечот на Копаоник. Од 1978 до 1980 г. работи како тренер на женската скијачка екипа на ПСД „Пелистер“ од Битола. Сè уште рекреативно се занимава со скијање и планинарење, за што зборуваат и нејзините успеси при освојувањето на голем број врвови – Кораб, Титов Врв, Џеравица, Пирин, Митикас, Мусалa и др.

Наша должност како битолчани е сето ова да Ви го пренесиме вас и на идните генерации кои не следат. Истото го правиме со најголемо задоволство и ни преставува вистинска гордост, зошто има многу битолчани кои придонесоа за нашата Битола и заслужуваат да бидат споменати.

 А Битола била и ќе биде…

Извори Значајни личности за Битола, Петар Ставрев, Битолски весник

Фото приватна колекција на фам.Георгиевски

Голема благодарност до цела фамилија Георгиевски