Мухтерем Нур била родена на 31 декември 1932 година во Битола. Нејзината шеснаесетгодишна мајка починала при нејзиното породување, а својот татко никогаш не го запознала. Ја одгледала нејзината тетка по мајка.

Како дете, со нејзиното семејство се отселила во Турција и се населиле во Текирдаг, северозападна Турција.

Подоцна, во 1942 година, заради финансиски проблеми, нејзиното семејство се преселило во Истанбул, во населбата Ејуп.

Детството го поминала во Ејуп, каде што завршила основно образование. По завршување на училиштето почнала да работи во фабрика.

Потоа, случајно, се запознала со Сузан Јакар Руткај која ѝ помогнала да влезе на филм.
Во 1961 година, Мухтерем со омажила за Ишин Каан (1937-1992), новинар и глумец. Двојката се развела во 1963 година.

Во 1982 година, се сретнала со Мислим Гирсез (1953-2013), талентиран пејач на народна музика, за време на концертна турнеја во Малатаја. Се скарале веќе првата вечер, но тоа и бил почеток на вечна длабока љубов. После четири години се венчале на 5 мај 1986 година. Нејзиниот маж починал на 3 март 2013 година после операцијата на срце во ноември 2012 година.

Кариера

Мухтерем Нур дебитирала на филм како статист во 1951 година во филмот „Јилдизијар Ревиси“ (Ревија на ѕвездите).

Продолжила да статира во филмови при што заработувала пет пати повеќе отколку во фабриката. Одиграла повеќе од 20 улоги како статист пред да добие улога во филмот „Уч аркадаш“ (Тројца пријатели) во 1958 година, во кој играла улога на слепа девојка. Благодарение на бебешкото лице и наивната глума, се вкоренила во срцата на кинољубителите и многу брзо се искачила на скалите на популарноста.

И покрај брзиот подем во главна глумица и многуте филмови што ги снимила, Мухтерем Нур имала проблеми да продолжи со филмот во периодот од 1965 до 1967 година кога имало промена на ерата на филмските теми.

Од 1965 година повремено танцувала, а од 1967 година почнала да пее. Во 1967 година била затворена заради неплатени сметки, а самата изјавила дека во 1972 година толку осиромашила што не можела да купи ни симит.

Мухтерем Нур се вратила на филмската сцена и редовно снимала до 2002 година. Се смета за прва вистинска ѕвезда на турскиот филм и една од најважните женски фигури на турската кинематографија.

Извор Википедија