Организаторот на завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција, Ракометната федерација на Македонија и РК Еурофарм Работник денес обелоденија дека приходот од билетите на полуфиналните и финалните натпревари од Купот овој викенд ќе замине во хуманитарни цели за помош на битолчанецот Гоце Марковски. Секоја чест за хуманиот потег. Затоа битолчани овај викенд да уживаме во ракометот и заеднички да му помогнеме за нашиот спортист Гоце во неговата голема битка!