Во срцето на некогашното Влашкото маало,во центарот на Битола се наоѓа некогашното Влашко училиште познато меѓу нас битолчани како ”турското” Гоце Делчев (училиштето на малцинствата).

Училиштето на ул.Београдска поминало подолга историја по однос на сопственоста.Во 1932та за прв пат тоа е евидентирано,потоа зградата и околниот недвижен имот имаат сопственици физички лица, а во еден период според државниот завод за геодетски работи во 1939г.било сопственост на Охридско битолската епархија и потоа на државата Република Македонија во состав на тогашната ФНРЈ.Во1972г. училиштето станува сопственост на основното училиште Никола Тесла, укинато во 1977г.од кога станува сопственост на ОУ Гоце Делчев, односно на Република Македонија. Со законот за локална самоуправа и децентрализацијата во 2005 та се случува уште една промена, училиштето станува сопственост на општина Битола.
Влашкото училиште од некогашното “влашко маало”е убава градба која ни го краси центарот на градот како грандиозен пример на Битолската архитектура,овековечувајќи ја со него и историјата на нашите поранешни сограѓани кои во тој период во нашиот град и околу него биле повеќебројни.