Пожарот на Баба планина кај изворите на река Шемница е ставен под контрола. 

Благодарение на доброволците кои цела ноќ гаснеја и дежураа заедно со вработени од Националниот парк Пелистер пожарот 99% е изгаснат и моментално се внимава да не се појави пак бидејќи има голем ветар. 

На лице место пристигнуваат уште доброволци и се очекуваат 30 души од Дирекцијата за заштита и спасување. 

Ви благодариме битолчани за вашиот херојски подвиг. Благодариме херои!!!

Фотографии Петар Нолев