Битола поради својата местоположба уште од најраниот период на турското владеење била на крстопатот помеѓу сите најзначајни патни правци и го добила заслуженото значење при што станала значаен воено-стратешки и политички центар на Румелискиот вилает. 

Доаѓањето на османлиите во 14ти век значеше и воведување на комплетно нов систем во управувањето на сите органи за нивно нормално функционирање според нормативите и законите со кои тогаш функционирало тоа големо царство или Турска империја.

Таа била една од најголемите империи која се простирала на териториите на АнадолијаБлискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа

Османлиската Империја во текот на своето постоење развила напредна организациона структура на држава. Иако имала голема централизирана власт, со султан кој стоел на чело на империјата, поседувала и голема контрола врз сите провинции. Со ширењето на империјата растела и потребата од системна распределба на администрациските организации. Империјата била поделена на вилаети. Секој вилает имал свој управител. Најважното министерство во империјата било министерството за правда, во чие министерство ги вклучувало кадиите, цивилните судии и воените судии, кои биле највисока судска власт во империјата по сејхулисламот.

Како еден од инспекторите на правосудството, задолжен за правилното имплементирање и спроведување на законите во големата империја бил и битолчанецот Ѓорги Сивриев. Ѓорги потекнувал од богато трговско семејство од Едрење бил школован правник во Сорбона и работел како инспектор на правосудството во вилаетите кои биле и граничеле до половина Италија, Албанија, Бугарија, Србија, Египет и Израел. За време на неговата работа бил награден со дури пет медалји што ги добил како признанија за време на неговиот живот. 

Трите од нив се на неговите гради на следната слика…

Поголем и од кадија – Ѓорги Сивриев

На следната фотографија е Ѓорги Сивриев и неговата сопруга, битолчанката Фанија.

Фанија и Ѓорги Сивриев

Слика и од куќата во Битола во која е родена и живееше Фанија после смртта на нејзиниот сопруг Ѓорги Сивриев.

Куќата каде што живееше Фанија

Една од тие медалји и била позајмена на Илија Милчин кој ја носел за време на снимањето во Битола на филмот Македонска крвава свадба.

Во Солун покрај неговата работа другарувал со нашите познати револуционери  Гоце Делчев, Даме Груев и други. Неговата кариера завршува во Турција бидејќи со распаѓањето на Османлиската држава таа се повлече назад и со себе си ги повлече и своите правосудни органи. Погребан е во Истанбул.

Потомците на Ѓорги Сивриев ден денес се наоѓаат во Битола. Тој со неговата сопруга немале деца и неговото име го носи негов внук како единствен потомок за продолжување на тоа честито Име во фамилијата. 

Фанија со нејзиниот внук Ѓорги

Ѓорги е еден пример за тоа како една личност од друга вера и националност во сосема друг систем може да се издигни до висока позиција, каде тогаш и покрај се, најповеќе се ценело неговото школување, познавање и правилното спроведување на законите…

Мемоарите на Ѓорги

Дел од неговите пишувани мемоари кои се наследство на потомците од неговата фамилија

Голема благодарност до неговите потомци и господинот Слободан Димитров