Битолчанецот Бранко Поповски за време на неговата посета на САД каде што престојуваше по покана на Димитар (Џими) Поповски покрај вообичаената семејно дружење имаше и извонредна можност да се запознае со летилици од спортски тип “Цесна 172” и “Пипер” како и посета на спортскиот комплекс “Peninsula Avionics”. 

Врв на сето тоа беше извонредната прилика што му беше пружена да седне на пилотското седиште на супер акробатскиот авион на Екстра 300.

Бранко Поповски во акробатскиот авион Екстра З00

 Екстра 300 е супер акробатски авион од највисока категорија со 300кс. Освојувач на многу светски титули во акробатско летање и редовен учесник на трките со авиони (Рајlong Raising). Според зборовите на Бранко Поповски членот на AK “Мирко Тодоровски”, припадник на АРМ, 

Бранко Поповски и како пилот на едрилица

за својот лет во придружба на доктор по медицина, господин Џонатан Фокс, голем љубител на авијацијата Бранко доби особено признание за искажаната умешност во пилотирање со тој тип на авиони. Вртоглавите акробации ги извел со голема прецизност и умешност со додатни укажувања и асистенција. Ако се земе во обзир дека основната обука ја заврши на авионот “Утна 75”, а има краток курс на акробации на акробатскиот авион од типот “Злин” покажаните резултати се над очекувањата. Доколку му се даде прилика би можел со успех да биде иден претставник на Р.Mакедонија на натпревари во акробатско летање.

Исечок од непознат весник испратен од Перица Поповски