Литературен јазик: Каде ќе одиме?Битолски: Кај ќојме бе?

Литературен: Ќе одам да јадам.
Битолски: Ќом да јам.

Литературен јазик: Како да не!
Битолски: Абе шооо!

Литературен јазик: Навистина ли?
Битолски: Озбилно?

Литературен јазик: Гледај ме сега!
Битолски: Брат, глеј ме сеа!

Литературен јазик: Колку е часот?
Битолски: Колку е сато бе?

Литературен јазик: Проговори нешто!
Битолски: Дај бе зуцни нешто шо си таков сеа!

Литературен јазик: Колку години имаш?
Битоски: Колкав си ти бе?

Литературен јазик: Не ти верувам!
Битолски: Е да бе!