Бродот „Теодора“ заплови на водите на Преспанското езеро. Делото е на битолчани кои две години го правеле бродот, а од оваа сезона тој на водите на преспанските езеро како рекреативен а не комерцијален пловен објет. Бродот „Теодора“ го изгради битолчанецот Томе Димитриевски со помош на асистенот Раде Николовски – Цапе. 


Бродот го градеа две години во гаража во Битола. Викендов со помош на трактор и специјална приколка го донесоа до Претор, од каде го пуштија во езерските води. Долг е 13,60 метри и широк 3,70 метри, развива брзина од 30 километри на час и има носивост од 12 лица. -Мотивацијата дојде од моето семејство. Сите членови сме љубители на наутиката. Посебно моите деца настојуваа, ќерката која има 19 години и по чие име е и наречен бродот, како и синот кој наполни 14 години. Мерак им е. Можат да се возат и други, но не наплаќаме. Не го правевме за заработка, туку за сопствени потреби“, вели сопственикот и градителот на бродот Томе Димитриевски 

Томе Димитриевски – Зелката

Неговиот асистент вели дека бродот е изграден по сите стандарди. – Сѐ направивме со нашите четири раце и за нас ова е ремек дело. Процесот беше тежок и макотрпен. Најтешко беше да го донесеме до совршенство клунот и конструкцијата на бродот“, изјави Раде Николовски- Цапе Преспанчани среќни за новиот брод и со очекување дека ќе привлече повеќе туристи. Сопственикот Димитриевски бродот го изградил со сопствени средства. Ова е негов четврт брод. Другите три се продадени, едниот плови низ Охридското, а другиот низ Тиквешкото Езеро. Бродот е прв кој ќе крстари низ езерото по пауза од шест години, со исклуок на бродот од станицата за мерење на квалитетот на водата во Стење. Услови за ваква пловидба се создадоа откако Општина Ресен постави две понтонски пристаништа изминатите години во Преспа.
Извор http://tera.mk/bitolski-brod-niz-prespansko-ezero/