Од стално најличните битолчанки работеја во бутик на Корзо или во пазаро… А од нив, ние битолчани, сите имавме барем по една симпатија. Една ако не и повеќе. Еден од нас итро се досети како баш таја “да трча” по него . За да Ви раскажиме ќе го викаме “битолчанецо”…

Битолчанецо (да не го именуваме, познат ни е на цела Битола) поминувајќи во бутикот каде што работи, со длабок глас и нагалено ѝ вика : 

“Ти злато мое…Ќе дај Госпо, еден ден ќе трчаш по мене …”

Таа: “Ајде бе бегај онаму…”

И така на секое гледање тој беше упорен и ја потсетуваше, дека, шо ако таа е поубава од него-баш таја ќе трча по него…

Еден ден и влегва во бутико и чапа еден пар фармерки и ракета со трчање по Корзото, а таа трча по него…

Затрчана и возбудена го стигнува и му вели: “Шо прајш бе несалам еден, кај бегаш со фармерките ?”

Тој се ќези и ѝ вели : “Ти реков злато мое, дека еден ден ке трчаш по мене…”