Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно со вас и фотографии од Битола и битолчани во минатото. На следната фотографија се гимназијалци од гимназијата ЈБТ од Битола кои ја слават годишнината од нивната матура.
Инаку првите матуранти на македонски јазик од Гимназијата Јосип Броз Тито, го понесоа најголемиот товар за изградба на некогашната СФРЈ. Не само на патишта и железнички пруги, туку и на институциите и системите кои денеска се реформираат и модернизираат. Битолската гимназија Јосип Броз Тито е единствената во Македонија каде средношколските денови ги поминале дури 16 академици и пет народни херои.