Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно со вас и понеделничката доза од Битола и битолчани во минатото, нивното градско живеење и стилот на облекување преку старите фотографии. На следната фотографија се битолски семејства кои најверојатно биле на фамилијарна веселба која се одржуваше во Хотел Гранд Јевтич во Битола далечната 1928 г. (денешен подвозник кај Краш, кафе бар Портал 2). Фотографирани се покрај автомобилот Хадсон Супер Сикс (Hudson Super Six) кој беше популарен во тие години.