Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и нова доза од Битола во минатото. На оваа фотографија е дрвеното мовче на река Драгор, кое беше наречено “Мовчето на Евреите” од голема почит на битолчани кон нивните некогашни сограѓани бидејќи тоа било последното мовче кое тие под присила заедно го поминаа тој кобен 11-ти Март 1943 г. и заминаа Треблинка.