Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно секој понеделник со фотографии од Битола во минатото. На следната фотографија е местото познато како Чифте Фурни во Битола.

Некогашните фурни на Насте и Богоја преживеаја повеќе од 120 години и останаа како препознатлив топоним за еден дел од градот Битола викан како Чифте(арх.чиф: две, дупло, двојно) Фурни.

Едната од тие фурни имала дури и подно греење во тогашно време. Местото од каде битолчани купуваа топло и пресно лепче, симитче, ги приготвуваа нивните манџи и ручеци, зелници,  Велигденски и Новогодишни печења, бидејки во нивните домови немале големи релни.
Фотографија на Такец од Перформансите на Широк Сокак