Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас ја запознаваме нашата Битола во минатото. На следната фотографија е посебното старо Турско училиште наречено Исљахането во Битола. 

Ова училиште се наоѓало на местото од стара Млекара или некогашна фабрика за чоколади и кекс “Прогрес” како што ние битолчани ги знаеме. Тука се обучувале ученици кои понатаму станувале занаетчии со занаети како кондураџискиот, терзискиот, дограмаџискиот и други. Со нив се задоволувале потребите на 30.000 војска која била сместена во старите Турски касарни. Истото почнало со работа во 1900 г. и било финансирано од државни средства каде учениците покрај теорија изведувале и практични часови. Во училиштето биле примани само машки деца кои станувале  кројачи, столари, грнчари, инженери и телеграфисти. Сите овие големи објекти се изградени кога на власт во Битола како валии беа Ахмед Ејуб Паша и Абдул Керим Паша. Денес објектот се наоѓа во видно изменета и катастрофална состојба далеку од репрезентативната која ја има на фотографијата.