Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно со старите фотографии од Битола и битолчани. Следната фотографија е испратена од наш верен читател проф. др. Борис Ангелков и датира од пред Втората светска војна. Фотографирано е пред католичката црква за време на погребот на некој чиновник во Битола врз кој бил извршен атентат и највероватно бил со католичка вероисповест. На неа од десната страна  јасно се чита натписот од познатата Стоковна куќа на нашиот градски битолчанец Славко Патче кој оставил голем белег во историјата на нашиот град Битола…