​Баба Планина се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, лоцирана неколку километри западно од Битола. Често се нарекува и Пелистер,  иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според височината (Пелистер, 2.601 м) e трета планина во Република Македонија. Баба се наоѓа меѓу Пелагонија на исток и Преспанската Котлина на запад.


    Постојат две легенди прврзани со името Пелистер. Едни велат дека името потекнува од грчкиот збор “peristeri” што значи гулаб, заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина заликува на гулаб. Други веруваат дека е тоа е од петоигличниот бор – петлистер, па од таму – Пелистер.

  Во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12 500 хектари, е прогласен за национален парк.  Најзаслужен за добивањето на стаутост Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планина на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години.

Слики, текст и поголема галерија на

www.mojrodenkraj.com.mk