Клик на банерот за повеќе

ШО МАЖ ЌЕ БЕШЕ? МЕСТО ДА ЖИВЕЈ СО МЕНЕ ВО ШВЕДСКА, ТОЈ ОДБРА ДА ПИЕ ПО КАФАНИ СО ДРУГАРИТЕ. ДА ДАЈ ГОСПО…

Се викам Билјана Јохансен и сум од Шведскиот град Малме. Со Република Македонија ме врзуваат претежно добри спомени. Не можат од глава да ми излезат специјалитетите кои таму ги јадев, сармите, тавче-гравче, скарата…

Инаку по потекло сум од Битола, каде имаме сопствена куќа. Освен од храната, фасцинирана бев и од животот кај вас, опуштените излегувања и дружбите кои се секојдневни, нешто, што во мојата држава не може да се замисли. Исто така ми одговараше и климата, пријатното и релативно топло време, прошетките на Тумбе Кафе и особено прекрасната Баба планина. Дури бев таму воздухо не беше многу загаден, поќето се топлеја на струја и обиколницата функционираше така да нема за шо да се пожалам.

Имам 37 години и поради мојата работа која е поврзана со постојано патување од држава во држава, досега немав прилика да имам некоја стабилна врска. Токму во таја Битола бабам Битола ми заиграја пеперутките во стомакот!

Се случи спонтано, со една моја колешка бевме излезени во еден кафич во центарот на Битола. На соседната маса седеше друштво од неколку мажи и две жени. Подоцна разбрав дека биле на роденденска прослава на колешка од фирма. Нашата маса беше многу блиску до нивната. Во еден момент, кога и ја пееја роденденската песна, Саша (да тој Сашо) се зврте кон нашата маса и спонтано не натера и ние да пееме. Потоа не почастија пијачка и нашата маса се спој со нивната. Се запознавме и се дружевме во следните два часа.

Веднаш ќе кажам, црномурестиот Сашо ме освој, пред се со неговата шармантност и смисол за хумор. Убаво се изнасмејав тој ден и на неговото прашање дали може да се адниме на фејсбук, па и да се видиме повторно, без размислување одговорив потврдно. Ми пиша на месенџер и одма следниот ден се видовме, денот потоа и денот потоа. Се потоа е класика.

Започнавме романтична врска, која се одвиваше во следните неколку месеци. Една работа која ја приметив од самиот почеток и која ми беше чудна, беше тоа дека Сашо речиси секојден се гледаше со своите другари на кафе и по кафани. Се прашував самата себе, дали е нормално ли е ова, дали овие луѓе нешто работат (Сашо работеше во приватна фирма), бидејќи секој ден се по кафиња и во кафана. Неретко знаеше да се случи навечер ко ќе излезевме, Сашо да биде веќе поднапиен, што искрено ми пречеше. Не дека и мажите во мојата земја не пијат, но сепак не пијат секој ден, туку во петок и сабота, кога излегваме. И покрај сè, се вљубив во Сашо и кога од фирмата ми стигна известување дека за еден месец мојот работен ангажман ќе продолжи назад во Шведска, јас веднаш му предложив на Сашо да дојде со мене. Тој во почетокот беше воодушевен и пресреќен и како едвај да чекаше да дојде тој ден, раскажува Билјана. Сашо зеде неплатено отсуство од работното место и отидовме. Се сместивме во убав стан, во центарот на Малме. Јас почнав веднаш на работа, а за Сашо баравме работа. Да бидам искрена, мојата плата во Шведска и средствата што ми ги даваа за трошок беа толку високи, што Сашо немаше ни потреба да работи. Но како одминуваше времето, во неговите очи почнав да гледам тага и носталгија. Особено кога неговите “другарчиња” на Вибер ќе му пуштеа слики од кафињата по Широк Сокак, нивните целодневни пијанки по кафани. Е тоа ме збеснуваше. Почнав да му префрлам, да го прашувам дали тоа му недостига. Тој од почеток негираше, изговор му беше дека повеќе му недостига фамилијата, родителите и сестрата, ама аман, триесетгодишен маж беше, не мало дете. После само два месеци од нашиот престој, едно попладне кога се вратив од работа, не го најдов дома. Оставил едно кратко пусулче во кое пишуваше: “Извини, те сакам, но морав да одам”.

Не се разочарав многу, иако ми беше тешко. Мачнината ми помина во првиот момент кога на месинџер ми прати фотографија од кафана кај Цане Боксеро, напијан, а под сликата пишуваше “Те сакам”.

Како да не! Ме сакал! Тиквар! Да дај Госпо и кафето и пијачките да Ви ги поскапат со цени како кај нас! Сите дома да останите и петок и сабота да чекате за да излезите! АЈТ ТАМУ!

Бев пресреќна што не направивме дете и шо сето ова се случи на почеток. Сепак, и покрај сè, во моето срце секогаш ќе има едно делче кое ќе се сеќава на Сашо и на прекрасната Битола!

Ремикс верзија за битолски потреби, извадок од збирката раскази “Приказни од дијаспората” на Њус 24 точка мк кој најверојатно го зедоја од Галама итн…

Leave a Reply