Ракометниот клуб Пелистер во понеделник ќе ги почне зимските подготовки, а целта е напролет да се зачува првото место на табелата во Суперлигата и пласман во плејофот. Долгорочна цел е Пелистер да биде финансиски стабилен клуб и да го врати стариот, добро познат сјај.


„Очекувам добри подоготовки и добро да ги наполниме батериите за пролетниот дел од сезоната. Сакаме да го задржиме првото место на табелата и да се пласираме во плејоф фазата во битката за место во европските купови. Целта секако е да го вратиме стариот, добро препознатлив сјај на ракометниот бренд Пелистер“, вели капитенот Васко Димитровски Папа.
Пелистер е убедливо прв по 13 одиграни рунди во Суперлигата со 36 бодови и само еден пораз, пред градскиот ривал од Битола, Еурофарм со 28 бода.

Извор Спортмедиа

Leave a Reply