hdr

Битола не би била тоа што е доколку не ги има едни од најубавите и најавтентични градби во Македонија. Градби кои се присутни тука веќе еден цел век и се задржани благодарение на совесноста и внимателноста на нивните сегашни домаќини, а не на ажурноста и поспаноста на Заводот за заштита на културното и историско наследство на Македонија. Меѓу една од тие која со својата убавина ја украсува ул.Рузвелтова во Битола е некогашната куќа на богатиот еврејски трговец Франко Челебон.

 

Покрај оваа куќа, тука на оваа улица живееле многу од поимотните еврејски фамилии меѓу кои Пардо, Камхи, Абраванел, познатите Коломонос, кои имале исто многу убава и голема куќа која во 1936 г. со заеднички средства била градена заедно со нивните пријатели со влашко потекло Тахула. Тие и заедно живееле, а куќата по некое време му ја одзеде српската власт и ја пренамени во градска Пошта, на истото место каде што е сега нашата битолска Пошта.

 

Еврејската заедница во Битола пред Првата светска војна броела од околу 10.000 жители и драстично се намалила до Втората светска војна кога останале нешто повеќе од 3000. Меѓу тие кои останале и тука ја дочекале својата трагична судбина е богатиот трговец Челебон Франко. Тој заедно со неговиот брат, Јосеф, ја имаа една од најголемите текстилни  продавници за штофови и свила, лоцирани една во безистенот а друга најверојатно во старата битолска чаршија. Продавниците на штофови главно ги држеле Евреите.

Франко Челебон, фотографиран пред неговиот дуќан (инсерт од фамилијарниот филм на Сара Ароесте)

Таа кобна 1943 г. Челебон, неговата жена Оро и трите ќерки- Рашел, Марика и Стела беа депортирани во Треблинка каде исто како и повеќето наши еврејски сограѓани трагично ја завршија својата животна приказна.

За времето на окупацијата низ Битола се расчу дека со прекинот на стопанската дејност на Евреите, може многу да се искористи. Целиот џган од Битола со вреќи се собра околу куќите и дуќаните на побогатите Евреи, мислејќи дека ќе се отворат и дека ќе ограбат се‘. Но, тоа не се случи, и тоа многу ги разочара. Државата и тогашната бугарска власт ги ограби на законски начин.

Натписот над неговиот дуќан

Еврејското наследство во Битола е многу големо. Покрај убавите и знаменити куќи кои тие ни ги оставија и ни го красат нашиот град се наоѓаат едни од најстарите и најголеми еврејски гробишта на Балканот. Во тек е еден хуман проект каде истите се реставрираат и баш за тоа се потребни средства. Затоа доколку имате некој пријател или другар евреин, насекаде низ целиот свет, сограѓанин или познаник, од вас би било убаво да му раскажите за нив, пуштете му ја оваа приказна во порака, дека баш тука во Битола се наоѓа најголемиот дел од нивните корени и да ги посетат своите некогашни предци. Исто како Сара Ароесте што направи, ги пронајде гробовите на своите баба и дедо, и се расплака…

П.с. Во оваа куќа дел од својот живот има поминато и др.Абраванел

https://www.facebook.com/IMI.0dliki/

Chelebon Franco house in Bitola

Bitola would not be what it is if it does not have some of the most beautiful and most authentic buildings in Macedonia. Constructions that have been present here for a whole century have been reserved thanks to the conscience and prudence of their current hosts, and not on the promptness and drowsiness of the Institute for Protection of Cultural and Historical Heritage of Macedonia. One of those who decorates ul.Rusvelova street in Bitola is the former house of the wealthy Jewish merchant Franco Celebon. Here on this street besides this house lived many of the more vivid Jewish families including Pardo, Kamhi, Abravanel, Rousseau, the famous Colomonos, who had a very beautiful and large house that was jointly built and lived together with their friends who were of Vlach origin, fam.Tahula, a house who took his Serbian power and turned it into Post Office, in the same place where our current Post Office is now.

The Jewish community in Bitola before the First World War counted from about 10,000 inhabitants and dropped drastically until World War II when more than 3000 left. Among those who remained here, their tragic fate awaited the rich merchant Chelebon Franco. He and his brother, Josef, had one of the biggest textile shops for fabrics and silk, located one in the bezisten and another probably in the old bazaar in Bitola. Shop shops were mainly held by the Jews.

That fatal 1943 Chelebón, his wife Oro and the three daughters – Rachel, Marika and Stella were deported to Treblinka, where, like most of our Jewish fellow citizens, they tragically ended their life story.

During the time of the occupation through Bitola, it is considered that with the interruption of the economic activity of the Jews, it can be much used. The whole Giant of Bitola gathered around the houses and shops of richer Jews with bags, thinking that they would open up and that they would loot everything. But that did not happen, and it disappointed them very much. The state and the then Bulgarian government robbed them in a legal way.

The Jewish heritage in Bitola is very big. Besides the beautiful and famous houses that they have left and beautify our city, they are one of the oldest and largest Jewish cemeteries in the Balkans. A humane project is in progress, where they are being restored, and that requires funds. Therefore, if you have a Jewish friend or friend, everywhere in the whole world, a fellow citizen or acquaintance of you would be nice to tell them about them, that Bitola here is the main part of their roots and visit their former ancestors. Just like Sarah Aroeste did, she found her grandparents, and she cried …

https://www.facebook.com/IMI.0dliki/
Text is under our copyright. All rights reserved. Publish only with our link. Thanks.

Leave a Reply