Битолчанчето Петар Петров, член на Џудо Клубот Чурин е по втор пат шампион во текот на овие две недели и со златен медал од Државниот натпревар во Џудо кој се одржа во салата кај Горната гимназија во Битола со околу 300 натпреварувачи, пионери и јуниори на Македонија. Бронзен медал доби Дамјан Петкоски кој истотака е член на Џудо Клуб Чурин од Битола. Петар најверојатно понатаму продолжува на Балканско и Европско првенство, се чека одлука од Федерацијата.

Од нас големи честитки за нив, за успехот на нивниот матичен џудо клуб Чурин, како и несебичното залагање и упорност на нивниот ментор Ристо Димитров Чурино кој успева од сите нив да го извади максимумот и истите храбро да се борат и да постигнуваат големи успеси.

Браво дечки, браво Чурин, браво за сите!

Leave a Reply