Повеќе од 500 години автентичност и ориентална убавина…
12032138_1470873069888767_6981993740461687925_n 12011221_1470873029888771_5402397496872170340_nВо XIX век Македонија преставува главна раскрсница која ги поврзува Европа со Блискиот и Средниот Исток, Балканот и Јадранот. Целокупната стока од Македонија која се извезувала и увезувала преку Солун, како и увозно-извозната трговија на Македонија со Босна, Србија, Бугарија и средна Европа се пренесувала со добиток. Пред изградбата на железницата, главно транспортно средство биле коњот,камилата, маската и магарето. Во тој период кираџиството во Македонија било значајна стопанска гранка и извор за егзистенција на голем број семејства. Кираџиите најчесто држеле коњи, кои како најбрзо превозно средство во тоа време, можеле да се користат за превоз на стоката на подалечни дестинации. Единствена конкуренција биле кираџиите кои чувале камили. Овие „пустинските бродови“, бавни ноиздржливи, кои лесно ги поднесувале лошите патишта низ турската империја, овозможувале превоз на товар со пониски транспортни трошоци.

12039566_1470873116555429_2936692535565999161_n (1)Во Битола и Битолско најповеќе се носел памукот, тутунот, урмите… Се носела најразновидна друга стока која меѓу другите стигнувала и кај познатиот битолски трговец Петар Данабаш… Кој тргувал со далечни земји, се раскажува дека во неговата куќа стоката стигнувала со камили… Како позната локација по кажување на старите битолчани во центарот на Битола е сегашниот кафе бар во градската чаршија, каде заедно со Хаџи Махмут Беј Џамија и нејзините придружни објекти медреси, мехтеби ги примале гостите кои најчесто преноќувале со камилите и својот драгоцен товар за наредниот ден да продолжат по натаму…