-Почетокот на Широк Сокак некогаш бил од кај судскиот мост (мостот кај Интифа) и поминувал покрај Саатот па Магнолија и каде што е сега,се до Офицерскиот Дом…
-Првото осветлување се случи на 24 декември 1924 г. каде во 17.00 ч. блеснаа светилките по улицата,кафаните,берберниците…
-На Широк Сокак некогаш имало и бензиска пумпа..
-Се нарекувал Фердинанд,Абдул Хамид,Хамидие Џамеси,Крал Петар,Цар Борис трети,Маршал Тито…
-Некогашни знаменити објекти:хотелот Босна,хотел Јефтиќ,ресторан Ројал,Паско фурна,бурекчилница Ужице,меанче Боро Божич,Српски Крал кафана,Централ хотел ресторан,Памбуќи мала кафана,кафана Турист,Кај Лесковчанецот кафана,бифе Таково,хотел и кафана Југославија,кафана Бристол,кафана Шумадија…
-На Широк Сокак се уништени постоечки десет објекти кои беа под заштита,за пробивање на улицата Борис Кидрич…

Широк Сокак бил проточна артерија на дипломати,трговци,аскери,воени старешини,улица на угледни хотели,слаткари,нови згради и фасади кои сведочат за големото богатство на нивните домаќини…

ШИРОК СОКАК е една и единствена,најпознатата и најубава улица во Р.Македонија и надалеку на поширокиот Балкан….факт кој е повеќе познат и доживуван постојано од нас битолчани!

Leave a Reply