Мазник во класична верзија на негова подготовка. Сум правела и со маргарин наместо масло и во многу други варијации, но ништо повкусно од едноставниот класичен мазник. Едноставен во поглед на тоа што е само од неколку состојки, инаку подготовката во секој случај особено за помалку искусните не е баш едноставна. Но трудот добиен од повеќе обиди еден ден сигурно ќе се исплати. Од наведените состојќи се замесува тесто. Од него одма се прават 3 дела кои се расукуваат со сукало во кружна форма колку една чинија (околу 10см). Секоја кора се става на најлонска фолија и се премачкува убаво со масло, потоа и се прекрива со најлонската фолија, за да не фати кора. Се оставаат околу 20-30 мин  и се започнува со процесот на нивно тегнење односно развлекување на секоја кора со раце. Тоа се прави на маса прекриена со чаршав. Краевите се сечат. Попрскуваме со малку масло и сирење. Ја виткаме кората со помош на чаршавот и формираме од неа форма на полжав и ја ставаме во намрсена тава. Истата постапка и со другите кори, со тоа што нивното сместување или придодавање е околу претходната кора. На крај мазникот го попрскуваме со масло и печиме на 200 степени, се додека убаво не порумени.
 За 4 лица 1 час – 2 часа

Состојки:

  • Тесто 400-500 гр 
  • брашно 1/2 лажиче 
  • сол 2 лажици 
  • масло околу 200 мл
  • млака вода 
  • Фил
  • околу 70мл масло за попрскување 
  • околу 150 гр. кравјо сирење

Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D0%BA-3

Leave a Reply