cof

Утре во спортската сала во Битола започнува ракометната треска која нестрпливо ја чекаат битолчани. Во 17.30 ч. е натпреварот помеѓу битолскиот РК Работник и РК Охрид од Охрид и во 20.30ч. РК Вардар и РК Металург. Ние како битолски блог Бабам Битола ќе земиме мало учество и со фотографии и убави моменти ќе ја збогатиме нашата страна. А кој бил Работник низ историјата на Битола и неговите почетоци во битолскиот спорт како фудбалска екипа?… раскажани од битолскиот хроничар Ѓ.Д.Цолев

Формирањето и дејноста на ФК РАБОТНИК 

Битола одамна била град на културни и фискултурни манифестации. Во нашиот град пред Втората светска војна постоеле повеќе фудбалски друштва,  едно време нивниот број достигнал до 11 клубови. Оној дел на населението кој бил заинтересиран за фудбалските  натпревари, редовно ги следел борбите на стадионите (или провизорните игралишта) и ги бодрел своите љубимците онака како што тоа и денес станува на стадионите. Таа традиција населението на Битола ја одгледувало и ретко кој граѓанин немал свој тим.

РК Работник

Меѓутоа, дошла окупацијата. Како што е познато, бугарската власт го воведе својот воен, полициски и административен апарат, како во другите градови, така и во Битола. Со тоа и бившите фудбалски друштва престанаа да употребуваат со своите стари имиња, додека некои од фудбалерите престанаа да играат, а пак други се зачленија во новоформираните фудбалски клубови. Интересно е да се спомене дека еден битолчанец кој работел за тогашната власт успеал да собере дел од спортските реквизити, односно дресовите од бившите клубови и демонстративно ги спалил на просторот некаде пред денешната зграда на Народниот театар. Ново формирани фудбалски клубови во Битола биле: „Македонија“, “Работник” „Југ“, “Балкан“ и „Левски“. Осврнувајќи се на формирањето на фудбалскиот клуб „Работник” од некогашните негови членови, т. е. играчи, симпатизери и членови на управа. (Ѓорѓи Христовски -Доде, Ѓорѓи Тодоровски Доде на Ката, Коста Најденовски -Кочо, Панде Каранфиловски, Лека Питошка, Томо Велјановски и други)…

 (Ѓ.Д.Цолев фељтон во Битолски весник)…продолжува 

Средствата од секоја влезница ќе бидат донирани во хуманитарни цели…

Leave a Reply