Една важна и убава целина од нашиот град е надалеку прочуената Битолска Стара чаршија.Од почетокот на 19ти век па некаде до 60тите бројот на занаетчиски дуќани во Битолската чаршија бил значително зголемен.Повеќе од дваесет дуќани имале берберите,бојаџиите,воденичарите,железарите,калајџиите,катранџиите,кујунџиите,налбатите,опинчарите,папуџиите,сарачите,симитчиите,столарите,терзиите,ткаачите,ќуркчиите и др. Тој период таа ја достигна својата златна епоха каде повеќе од дваесет дуќани имале и абаџиите,бочварите,јажарите,јорганџиите,ковачите,кожарите,лебарите,леблебиџиите,месарите,млекарите,самарџиите,чевларите,ѕвончарите и др.

img_20160705_212429.jpg

Некогашен дуќан во Битолската чаршија за килими и јамболии

 

Поради групирањето на занаетите од една бранша многу делови од чаршијата ги носат нивните имиња како Кај гајдаџиите,Кај казанџиите,Кај кожуварите,Кај кујунџиите,Кај леблебиџиите,Кај мутавџиите,Кај опинчарите,Кај рогозинарите,Кај сарачите,Кај собаџиите,Кај ѕвончарите…Сите овие делови тогаш потсетуваа на минијатурни панаѓури каде секој дуќан преставуваше еден вид изложбен пано преполн со соодветни производи.

Во многу европски градови сите овие занаети се заштитени и спонзорирани од самата општина.Таму одат туристите,ги посетуваат и се восхитуваат на нивната работа.На многу места неизостанува и карта да плаќаат за влез во Старата чаршија.Наш предлог е сите тие сокачина официјално да си ги добијат старите поими.Таму да има барем по еден занаетчија кој ќе го работи тој занает и ќе ги преставува сите тие некогашни стари занаети и занаетчии.А ние заеднички преку нашата Општина ќе ги помагаме и финансираме.Сите дуќани да си добијат нивниот стар автентичен лик,старите кепенци(за кои денес има полесни материјали за нивна изработка) и заедно сите да бидат заштитени со закон.Ноќите за време на летниот период во Старата чаршија можат да бидат со барем еден саат продолжено работно време,за разлика од другиот дел од градот.Тука да се свират само чалгии со гитарите и тамбурите,музика на увце,без појачувала и електроника,за да не му смета на другите граѓани кои живеат во близина.Да оживее Битолската Старата чаршија малку во ноќта како некогаш во нашата младост…

Така малце по малце ќе си ја вратиме и надалеку прочуената убавина на Битолската чаршија ,нешто кое во нелет на поновите модерни времиња е изменето и извитоперено…

фото Непознат изворwp-1467734822369.jpeg

2 COMMENTS

  1. Me rastazi seto ova, ne samo sto me rastazi tuku go cuvstvuvam kako fizicka bolka. Koja Bitola, koj konzulski grad. Zarem ne gledate deka cela stara carsija ima nova dograma – plastika ili alumiska. I nikoj nisto ne veli, a zosto -zatoa sto toa ne im znaci, zatoa sto ne ja sakaat Bitola od raskazuvanjata na baba si i tatko si. Ne, ne se lutam na niv, tuku na nas ravnodusni i navedeni defetisti. Mnogu imam da kazam, ama aj, po bitolski, da ispieme edno kafe i da go pokanime i prof. Aleksandar. Vaka nema dobra komunikacija, bez da se vidi i neverbalnata komunikacija, demek – ocite. Milo ke mi bide ako mi se javite.

Leave a Reply