Др.Никола Скантели е роден далечната 1902 г. во Битола и потекнува од богато семејство, татко Константин и мајка Пинелопи од Охрид. Неговата родена сестра се вика Калирое.

Др.Никола Скантели

 Таткото Константин бил инженер во агрономија, имал многу работа и бил постојано на пат. Биле многу богати, плаќаа со злато. Умре многу млад во Мадагаскар од тропски болести. Др. Скантели основно училиште завршил во Битола, а на медицина се запишува во Атина, каде што на тамошниот универзитет дипломира во 1926 година. Во последните две години на студии, тој работи во одделот за очи на Медицинскиот факултет во Атина. Kaко дипломиран доктор по медицина, се специјализира за офталмологија во локалната болница во Солун каде и го добива правото да работи како oчен лекар. 

Фам.Скантели и Менелас Иконому (лево) кој му бил прв братучед

Се вратил во Битола, каде што отвори Очна клиника со капацитет од 15 легла и aмбуланта. Покрај својата редовна работа во својата клиника, тој, исто така, работел со скратено работно време како лекар за очни болести во Домот за Здравје во Битола каде имал и своја канцеларија.

Догата на др.Скантели која ја сакал најповеќе, фотографирана во Битола

Фамилијата Скантели биле богати, високо ценета и многу почитувана фамилија во Битола. Биле многу почитувани и сакани од битолчани. Посебно др. Скантели бил голем хуманист кој на сите многу му имал помогнато. За време на војната од 1941 г. бил мобилизиран во партизани каде помагал и учествувал како воен доктор.

Фам.Скантели фотографирани во нивниот двор од семејната куќа на ул.Климент Охридски 2а во Битола

Од 1945-1950 г. се вратил во истата институција каде што работел пред војната.

1950 г. се преселил во Ниш (Србија) каде работел во Очниот оддел од воената болница, каде што после две години подоцна станал шеф на одделението. Tоj период од неговиот живот е поврзан со Ниш, Србија.

Во Ниш се преселил со неговата мајка Пинелопи која таму умира. Дури беше во Битола, на својот имот во с.Смолево ја обнови црквата на свети Атанасиј, која пред војната беше изградена од страна на неговата мајка и тетка. Беше беше голем добротвор, ја донираше целата опрема за библиотекарско здружение на слепи во Битола…

Црквата св.Атанасиј с.Смолево била изградена од неговата мајка и тетка на нивниот фамилијарен имот

Во својата кариера, тој беше познат насекаде како најдобар експерт, офтамолог, кој на илјадници луѓе им го има вратено видот.

Во 50тите  целиот негов имот бил национализиран.

Др.Скантели на непозната локација во Битола

Додека живеел во Битола, беше во брак со Алики, со која немал деца и заради тоа тој не бил воопшто среќен.Таа имала египетско потекло и повеќе време била во Египет отколку со него.

По неговиото преместување во Ниш, се сретна со Хелга, со која по разводот на Алики се ожени. Хелга била 30 години помлада од него и во овој брак имал две ќерки, Билјана и Марина. Бил многу духовит и отворен човек и низ смеа кажувал дека “Подобро со друг да делел младо пиле, отколку со стара кокошка да остарел сам”. 


Со неговата втора сопруга Хелга
Се дружел со сите, никогаш не бил преценет и знаел често да донеси дома на ручек некое сиромашно дете кое ќе го сретнел на улица.

Речиси секоја година оделе на одмор во Охрид, во с.Пештани. По патот цела фамилија заедно ја пееле “Битола мој роден крај” по што застанувале во неговата родена Битола, каде ги посетувале своите најмили, стари другари и познаници.

Текст и фотографии г-ѓа Марина Скантели Илич од Ниш на која и изразуваме јавна благодарност

Leave a Reply