Искусниот спортски падобранец од Битола Никола Ѓероски- Цуцле со над 270 падобрански скока зад него остварени низ просторите на цела Екс ЈУ, Грција и Бугарија започнувајќи од 1998 година во Аеро клубот Мирко Тодоровски од Битола и 3-годишно искуство во специјалната падобранска единица на АРМ “Соколи” започнува со курс за падобранство кој ќе се одржува на спортскиот аеродром во Логоварди. Курсот ќе трае три недели, вкупно 10 наставни часа и е наменет за сите заинтересирани кои се со полна 16 и повеќе годишна возраст. После курсот следуваат скоковите, доживување кое не смеете да го пропуштите. Повеќе информации на телефонскиот број 075 646 678 и нека е за убаво…

Leave a Reply