Челик-чомак

Најраспространета и најпозната игра со стапови на Балканот некогаш беше играта Çelik Çomak. За играта постојат голем број на други имиња во зависност од регионот, со мали промени на правилата. Играта најчесто се играше на отворено и се игра меѓу две групи. Групите се состојат од најмалку две лица.

Се почнува со чинвање кој прв ќе започни. Во играта се користат две стапчиња. Едното се вика ЧЕЛИК и е прилично мало, јако дебело парче од дрвце кое големо колку една педа и е наоштрено на неговите два завршетоци. Поголемиот стап е некаде 70см. до едно метро голем и се нарекува ЧОМАК.

Се копа мала дупка во земјата, или се местат два камења еден до друг, колку да може ЧЕЛИКот да виси на нив и со ЧОМАКот да може биде удрен одоздола.

Околу нив се црта еден круг во радиус од пола метар. Откога ќе се удри ЧЕЛИКот, другата екипа се обидува или да го фатат во воздух или да го допрат. Доколку успејат во тоа, тие добиваат сопственост на дупката и се менуваат страните. Ако не успејат во тоа, тогаш од местото каде што е паднат Челикот го фрлаат према дупката и кругот. Доколку погодат внатре тие ја завземаат таа позиција, додека тој што е внатре има можност при фрлањето назад повторно да го удри ЧЕЛИКот и да замине подалеку. Поените се мерат со должината на ЧОМАКот при повторното фрлање на помалото стапче и тоа од дупката до местото каде што ќе биде паднат.
Победува тој тим кој ќе направи најповеќе поени кои се договорени на почетокот од играта.

До ден денес речиси педесет различни видови на Çelik-çomak игри се регистрирани. Играта се играше на цел Балкан и пошироко, беше синоним за весело дружење и забавување на многу генерации, меѓу кои и на битолчани. Како белег се останати и како битолски прекари “челико” (мал, цврст и јак) и “чомако” (слаб, висок, како стап)…

Ако имате нешто друго слободно додадете или корегирајте. Ви благодариме…

Фото-непознат извор

Leave a Reply