Улицата Никола Тесла во Битола…Е тоа била улицата на Ановите како што знаеше да милува Десано… Покрај познатите,улицата на Конзулатите (ул.Кирил и Методиј), улицата на Беговите (бул.1ви Мај) и најпознатата-нашето Корзо (сега ул. Широк Сокак) и по оваа улица Битола некогаш била претпознатлива.

Улицата на Ановите

На почетокот на дваесеттиот век послем Првата Светска војна тука било врвулица од луѓе и пајтони, неуморни чалгии и свирачи, преубави девојки и забави. 

Преноќевалиште за сите гости кои доаѓале од најразлични краеви и спрема кои самите ановите го добивале своето име: Ленски Ан, Буковски Ан, Преспански Ан, Анот на Балтовци, Драгорски Ан и денешниот кој ќе Ви го преставиме МисирХан,сегашна продавница, сите се тука еден покрај друг на оваа улица. Заедно ги чуваат спомените од едни убави времиња, од подемот на Битола, Конзулска Битола. И сите се готови да паднат и да се претворат во прашина. Прашина од која нема да можиме ниту славата да им ја вратиме која тие годините наназад ја имаат стекнато…

Од нас и вас барем нека остани една мала трага, пишувајќи и сликајќи за нив…

Мисирхан сегашен Шик,ул.Никола Тесла до Ајчо

Познатата улица на Ановите, ул.Никола Тесла во Битола