Третиот ден двајцата француски патувачи заедно со нивниот водич, битолчанецот Петар Нолев продолжија со нивната задача на мазга и магаре долж Македонскиот Фронт на ист начин како пред 100 години. Ноќта се преспа и помина на Кајмакчалан, по што се продолжи нагоре према врвот каде што се наоѓа црквата св. Петар на 2528 м.н.в…

Невообичаена авантура од 12 дена низ рововите на македонскиот фронт, по стапките на Роберт Луис Стивенсон („Патување со магаре низ Севените“, 1879 год.) и поезијата на Френсис Џејмс (1868 – 1938), на магаре и мазга предводена од битолчанецот Петар Нолев кој заедно со себе ги води двајцата патници Емануел Рембер, дипломат и автор на „Шапката на Баренц“ (ед. Magellan et compagnie, 2009), „Немирни денови во Либија“ (ед. Equateurs, 2014) и „Лотарингија“ (ед. Pierre-Guillaume de Roux, 2017), и Емануел Ешт, новинар (Les Echos, l’Express) и издавач (ед. „Perrin“). Тие во меѓувреме покрај макотрпното и возбудувачко искачување водат и дневник во кој ја запишуваат секоја згода и незгода од ова необично патување…

Четвртиот ден од црквата св.Петар према врвот Ниџе…

На потегот од врвот Ниџе према Сокол до Добро поле, екстремен терен кој никој до сега со коњ и маска го нема поминато по сртот…Секоја чест за храброста и издржливоста.