Гравот е традиционално македонско јадење коe е многу застапенo и во кујната на битолчани. Вообичаено се подготвува во петок, бидејќи во петок се пости и не се мрси. Некои го јадат без запршка, посен, други го комбинираат со колбаси и сл. Ние најчесто го подготвуваме со запршка со додаток на свежа салата од зелка, бело сиренце и маслинки. За оригинален изглед го послyживме во мали земјени садови. Изгледа убаво нели?

Состојки:

500 г грав (за четири + лица)

1 лажица црвен пипер

1 лажица брашно

30 мл масло

1 кромид

сува пиперка, нане, сол

Подготовка:

Ставете вода во тенџере, додајте го гравот и оставете да кисни преку ноќ. Ако сакате веднаш да подготвите грав, тогаш, ставете го гравот да зоврие во вода колкy да се покријат сите зрна, истурете ја првата сварена вода, тyрете нова жешка вода и оставете го околу 30 минyти да поседи, па продолжете со подготовката која што следи:

Подготовката е многy едноставна. Сварете го гравот со околy 3 литри вода. По потреба додадете вода во текот на варењето, зависи како го сакате, погyст или почорбест. Намалете ја температурата и оставете да вари на тивко околу 1 час. На некој грав му треба повеќе време за подготовка, на некој помалку, зависи од типот и староста на гравот. Пробајте 1-2 гравчиња за да видите дали е сварен.

На крајот, подгответе ја запршката. Ситно исецкајте кромид и ставете го да се запржи во масло. Кога ќе омекни кромидот, додадете лажица црвен пипер и брашно, добро измешајте со жица и истурете ја запршката во гравот.

Промешајте добро и додадете сува пиперка, нане и сол. Оставете да се вари уште 10тина минути.

Тоа е тоа!

Уживајте!

Извор Македонска Кујна

Leave a Reply