Легендарната песна “Проклета да е Австралија” настана Под Тумбе Кафе…


Легендарниот Беја Османовски во Битола со солзи на очите се присети на шеесеттите, кога ги создаде своите вечни песни.

– Тогаш Битола се селеше во Австралија и во Германија. На железничката станица секој ден имаше по пет до шест илјади луѓе, кои со познатиот воз “Охрид” од Битола до Трст ги испраќаа своите најблиски. Од четири до шест попладне, кога возот заминуваше, таа беше станица на плачот. Кога ги испраќав моите најблиски другари за Австралија, нешто голема тага ми се сви во душата. Откако ги испратив отидов кај “Под тумбе-кафе”, седнав и во еден здив ја испеав “Проклета да е Австралија” за да ми се пушти душата. 

Така настана таа моја легендарна песна. 


Дел од интервју на Менде Петковски со Беја Османовски за  “Дневник”

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1923&stID=6236


Leave a Reply