Во текот на вчерашниот ревијален ракометен натпревар помеѓу РК Пелистер ветерани и Репрезентацијата на Македонија во Спортската сала “Младост” во Битола покрај повеќето големци, бизнисмени, бивши ракометари и тренери, благодарница доби и еден скромен човек, лицето кое кога и да имаше паѓање или жесток ракометен дуел тој трчаше и се грижеше паркетот да биде како што треба… 

Познатиот децениски економ во cпортската-Дади!

  Својата неизмерна радост ни ја пренесе на сите нас битолчани, сите му скандиравме повеќе од десет минути, “Дади , Дади”, а тој пресреќен, расолзен скока, со рацете високо кренати, трча до едната трибина, па до другата трибина. Му подадоа рака Чкембарите, го  зедоја заедно со нив каде скандираше, пееше, се радуваше… 

Кога слезе повторно на паркетот го зедоа ветераните на Пелистер и сите заедно го фрлаа во вис, eднаш, двапати, трипати…

Синоќа тие неколку минути Дади беше цар, цар пред цела пет илјадна публика, цар пред цела Битола. 

Честитки!

Фотографии Гол.мк