Пред неполни три месеци (се мисли во раните 80’ти)  во нашиов град адвокатура отвори нашата сограѓанка Гордана Христовска. Податок не толку важен зашто кај нас има многу адвокати, но во исто време и интересен зашто таа е прва -жена адвокат кај нас и една од трите адвокатки во нашава Република. Токму тоа не натера да ја посетиме во нејзината канцеларија и да поведеме разговор за тоа како дојде до идејата да отвори адвокатура, за интересот на странките во ангажирањето да ги застапува пред судот и слично. 

-He потекнувам од семејство каде што имало правници и адвокати, но уште кога се определив да студирам право во мене се роди идејата да станам адвокат. Меѓутоа, желбите не се исто што и можностите. По дипломирањето се вработив во Окружниот суд и за сите десет години колку што бев таму, од кои седум и пол години работев како самостоен стручен соработник, не се откажав од желбата да станам адвокат. 

Гордана (Христовска) Такец

 И колку што времето одминуваше се поблиску бев до остварувањето на замислата, зашто набргу ги положив и правосудниот испит. 
И така, пред Нова година на Гордана и се оствари желбата. Можеби до адвокатската канцеларија дојде побргу од другите од причини, како што вели таа во шега, дека била прва жена што побарала да биде адвокат. А и работата и тргна. 

-Искрено да речам од почетокот се сомневав, но набргу стекнав доверба кај странките. Добив за одбрана не многу тешки дела за кои мојата одбрана беше, мошне успешна. Но, тука сакам да ја истакнал помошта што ни ја пружија поранешните колеги од судот, како и колегите адвокати. 
Во канцеларијата на Гордана Христовска секојдневно можат да се забележат странки кои бараат да ги застапува. A, таа не гледајќи ја само материјалната страна за која уште на почетокот може да се рече дека е доста добра, вложува средства и за набавка на стручна литература. 
При водењето на разговорот често пати не прекинуваа странки меѓу кои имаше и доста жени. 
-Жените што барат помош од мене се посебна приказна вели Гордана. А, мене ни е посебно драго да ти бранам нивните интереси. 
Разговорот иако не довршен моравме да го прекинеме зашто нашата соговорничка – првата жена адвокат требаше да замине во Ресен на консултации со некоја странка. 
С.Д. 

“Битолски весник” раните 80’ти

Leave a Reply