Во текот на следните денови под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса времето во Битола и битолско, како и во цела држава ќе биде стабилно, сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 11 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат од 22 до 27 степени, за Битола до 25.

За подетални информации обратете се на мојот фејсбук профил Славчо Попоски.

Leave a Reply