06754

Боза е многу интересен и освежувачки пијалок, која има свои корени назад кон Отоманската империја. Бозата е популарен ферментиран пијалок популаризиран во Турција, Бугарија, Романија и во балканските земји, вклучувајќи ја и Македонија. Тоа е сладок пијалок направен од брашно, има дебела конзистентност и ниска содржина на алкохол (обично околу 1%), и малку кисел сладок вкус. Таа е богата со витамини А, Б и Е, железо и е ценета како пијалок кој Ве полни со енергија. Се верува дека бозата може да го зајакне имунолошкиот систем и евентуално зголемување на градите на жените. Бозата го подигнува нивото на пролактин, хормон кој го зголемува производството на млеко и поради тоа може да ги зголеми градите. Боза секогаш е препорачлива за мајките кои дојат. Во Битола покрај бозаџиите со нивни дуќани, имало и бозаџии кои шетале заедно со нивните големите садови и чамчиња, низ градските маала и чаршии, каде овозможувале пиење боза од “на нога” како што велат битолчани. Денес убава боза која потекнува од познатото слаткарско семејство Апче од Дебар Маало можите да ја пробате кај нашите другарчиња од слаткарница Дизниленд кај Камен Мост. Нека Ви е на здравје…

Извор Македонска Кујна https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1001524846648980&id=734769076657893

Leave a Reply