9.4 C
Bitola,MKD
Wednesday, September 19, 2018
Дома бабам Битола Битолчани заработија 3.5 милиони долари за изработка на револуционерна игра за мобилни...

Битолчани заработија 3.5 милиони долари за изработка на револуционерна игра за мобилни телефони (ВИДЕО)

0

Се работи за нова мобилна игра која е се уште во развој. За нејзино завршување, потребен беше фонд од 1.5 милиони американски долари. Преку кампањи инвеститорите инвестираа преку 3.5 милиони долари во помалку од еден месец. На оваа игра работи и мал тим од Битола меѓу кои. Вести за играта веќе беа пренесени во многу светски медиуми меѓу кои и Форбс и Њујорк Тајмс. Се работи за игра која е со новата технологија  AUGMENTED REALITY, што значи дека преку камерата на вашиот мобилен телефон на реалната околина ќе гледате работи кои се дигитално додадени. Во случајот се работи за борбена игра, и како дигитално додаени работи се предвидените “непријатели” кои ќе треба да ги пукате преку копчињата на екранот на телефонот. 

Оваа игра може да биде хит во светот, нешто слично како што беше Покемон играта бидејќи се заснова на слична технологија. Преку видеото кое е како трејлер на играта може конкретно да видите за што се работи. 

Благодарение на тимот на програмери од Битола кои работат на оваа игра, ексклузивно за прв пат веста се пренесува и во Македонија.

https://youtu.be/lbxPukj-LXg

Извор Екслузив.мк

Leave a Reply