Времето во кое денес живееме го обележуваат низа продуктивни настани, процеси и промени кои ги сменија и подобрија условите за живеење на милиони луѓе. Имено, од една страна имаме бум на технолошко-техничкиот развој, голем напредок на полето на информатичката технологија. Обичниот човек доколку го натерате да направи паралела за животот некогаш и сега и придобивките кои се дел од современиот живот, без двоумење ќе ја нагласи предноста на денешниот животен стил со сите бенефити, специфики, па дури и недоследности, но сепак ќе ја потенцира разликата помеѓу живеењето пред триесетина години и денес.

Кога станува збор за Битола неизбежна е носталгија за тоа време, синтагмата на тоа време е Градот на младоста, Лилјана Томичиќ правејќи ретроспектива ни ги доловува моментите од нејзиното време, почнувајќи од тоа какво било дружењето тогаш.

 Не случајно седиме во пајтонот, првата слика кога стигнав во Битола беше впечатокот од Саат Кулата и пајтоните кои покрај Драгорот беа подредени, во нив се возеа еснафот, старите битолчани, боеми , во секој случај пајтонот беше тогашно градско такси, вели Лилјана Томичиќ

Модата во Битола отсекогаш била примарна, и токму поради тоа овој град го носи епитеот најградтски град на конзулите, а сега модата се повторува.

-Мажите битолчани носеа гравати, обавезно имаја капа, жените беа дами со тенки свилени чорапи со ластик, на високи штикли со кадифе со бисери, навистина права елитна слика, а пак во мојата младост се носевме кежуал, многу често носевме тиролки тогаш изгегоја фармерките оскудна беше облеката меѓутоа убава.

Во тоа време имало домашни сокови наместо алкохол.

– Далеку беше виното и се случуваше да провалат некоја визба и да се послужат, и од сок бевме оскудни домашни сокови со растворање имавме и се сеќавам газоза имаше со мраз со папрат, немаше опивање, иако и на Нова година се организиравме во куќи не во ресторани ние немавме можности за по кафеани меѓутоа среќни и весели бевме и со тоа.

Допир за рака и изгледан филм, беше синоним за дечко и девојка.

– Интимата беше настрана од се, во тоа време машките не повикуваја на “шц” ние се вртевме па “чикс” или “пардон” да се запознаеме?,- а ние важни му одговаравме -” не ширам познанство”. Тие беа досетки во тоа време што се користеја.

Спомените и сеќавањата можеби се добар начин да направиме паралела помеѓу она што сме биле и правеле и она што сме и правиме.

– Младината сега може се да добие практично без труд, но за нас требаше многу труд за нешто да добиеме, сепак нивото беше високо тогаш, тоа е таа компарација а најголемата добивка и најдоброто компарирање е младоста со неа ништо не се мери, вели Лилјана Томичиќ

Споменети остануваат како минато во форма која ние ја имаме употребено за да ја обликуваме и да ја оставиме таму. Неможе да чекориш низ животот а да не се сеќаваш на спомените едноставно обликувањето на иднината зависи од нив.

Извор Тера.мк

Leave a Reply