Секој град има свои култни боемски места и свои боеми. Еден од нив е и Битола, град кој во минатото бил препознатлив по боемите и боемштината. Некои спомени будат убави чувства, а денес многу настани се прераскажуваат од генерации на генерации.
Сеќавајќи се на боемските денови Благој Фармата ни раскажува за како што вели тој неговите убави денови поминати во дружба кафеана и по некој шприцер. Како синоним за тоа време бил
заводнички поглед, раскошен шешир, со предниот дел спуштен над очите, со цигара и со мали, ретки, тенки мустаќи. Тоа е времето на игранките и “дамите бираат” .

Тогаш беше многу поинаку, одевме на игранки по корзо , ако ни се погодеа погледите ќе им пријдевме на девојките.

Вторник и петок ние беа денови кога се собиравме во старата битолска чаршија во пазарот кај Пеце , вели Атанасовски.

Од кај 11 до 14, ако заглавевме и се поднапиевме ќе останевме до доцна, движењето беше во вторник и петок актуелно, ама ние секој ден праавевме фешти, слушавме мексиканса музика и народна.

И да беше полна кафеаната, нашата маса беше празна, се знаеше дека ние ќе одиме вели тој.

В кафеана одевме со мезе и сите марифети, ќе му речевме на келнерот да ни спремаат нешто, и по две три ракиичина, шприцер, па тогаш шприцерот го викавме мау мау и така ни поминуваше времето во дружба вели Атанасовски.

И тука повторно би спомнале дека секое време си носи свои карактеристики, остануваат спомените на кои ќе се сеќаваме.

 

Извор Тера.мк

Leave a Reply