Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и фотографии од Битола во минатото. Старата чаршија се наоѓа на левата страна од река Драгор која ја дели Битола на два дела. Чаршијата се карактеризира со сплет на улички со ниски куќи кои јасно се идентификуваат во урбаниот пејзаж на Битола. Некогаш чаршијата била доста поголема, но била рушена за да се направи место за модерни градби. Фотографијата која Ви ја прикажуваме е точно срцето на битолската чаршија и датира од поново време точно 1964 г.