Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ, заедно со вас во овие јулски летни горештини. Со стари фотографии Ве потсетуваме на култните места каде некогаш битолчани ги поминувале овие жешки денови. Повозрасните битолчани со доста емоции се сеќаваат на годините кога се разладувале на познатите битолски места во реката Драгор, како на следната слика местото викано “Киташ” или „Икиташ“( Iki taş тур. значење – Два камења) каде битолчани по цел ден се капеле и уживале под дебелите сенки од дрвјата кои се покрај самата река. Многу од нив тука за прв пат запливаа и се научија да пливаат, за што на повеќето од нив ова место му останува во нивните најубави спомени…

Капејнца Киташ, Битола