Виктор А.К.А. Башлак, Асистентка !!! 

Асистент или Асистентка на некој професор на кој било факултет, е голема должност и преголема обврска од самата укажана прилика да станите дел од наставниот процес кој е самио посебе света работа. Кога образувате некои млади луѓе е исто како да цртате икони или да оперирате слепи луѓе, да му давате вид, да прогледат. 

Е сега шо се дешава по факултети кај нас.

 80% од асистентките, одговорно тврдам, дека му се швалерки на професорите, 10% од асистентките се поставени таму оти набрзо ќе му станат швалерки на професорите, 7% од асистентките се таму оти стварно ги бива и се интелегентни, ама нив ич не му се работи со такви идиоти како шо се професорите и ич не му се седи таму, ама нема шо да прат и остатокот од 3% се мажи и најчесто се поулај од професорите, ама тие не се битни во текстов, како и општо. 

Асистентката ти е 10 пати построга од професоро, професоро дава 5 прашања, таја 50, за да се докажи пред професоро, а на професоро му е гајле.  

Кај нејзе неможи мува да прелета, таја гледа прати, а плус бидејќи излегла пресно од клупите, ги знај сите финти за препишвање и туку досадва, слечи го ова, слечи го она, слечи го палтото, да видам шо имаш во ракаво, а ко шо ме дал госпо слаб на згодни асистентки, во една таква прилика “слечи се, слечи се” му велам на таја асистентката : А да изнајмевме соба после испито како ќе беше ???  Кај студентите станав цар, ама овие од другата страна ме занеќија, не дека многу ме сакаја пред то али ајде. 

Асистентката толку многу ги потценва студентите шо не е запаметено уште од робовладетелството на времето во Вирџинија ко ги малтретираја црнците за две чаши вода Неделно. 

Асистентката е намуртена 24/7 и се смеј само на најглупите вицој на професорите, на некој идиотски анегдоти или Итар Пејо финти од пред осумстотини години, а недај госпо ако дојди декано, то му е нив како екстаза, делириум, оргазам тука на лице место.

 Стално ко ќе му се обраќаш на асистентката, таа го облеква сурато за одбивање на удварачи или сурато кога си сигурен дека ќе те шокира некој со нешто, како да во секој момент ќе слушниш нешто шо дотогаш никој те нема прашано, а јас ја прашвам во која предавална ќе биди предвањето и   му зборам таја во патиките ме гледа, в очи не те гледа оти не му си рамен. 

Ко ќе држи предавање асистентката ти е исто како Индира Радич ко ќе пеј Француски :Мало сам прождрнула,две вотке сам дрмнула …  Таа пеј не знај шо пеј си мисли Француски е, така и ова, предава појма нема шо предава, ни терминологијата ја знај, ни од примерите нешто разбира, абе појма нема. Како шо е во книгата го чита тексто и фала пријатно. А ко ќе ја запукам со прашања тогаш сваќам дека појма нема и почнува тогаш да ти се прај другарка, ќе омекни или ти вика дрско “Ќе си видиш во книгата или побарај додатна литература, а најубо ко ќе дојди професоро консултирај го”. 

Врв по факултетите ти се овие тетките од студентски прашања.

 Таа е најчесто роднина на декано. Таа си мисли дека работи во нуклеарна централа, а единствено шо треба да напрај е да не ги загини пријавите, а редовно ги гинат и уплатницата за дека сум го платил студентскио правобранител, за него нешто поќе другата недела … 

Госпо здравје да му дај на тој шо ги отвори овие приватните факултети, вистина поскапо малку, ама нервите и стресојте ги заштедваш, а гарантирам дека и поќе се учи. 

П.С. Сакав смешен текст да напишам, ама ко го препрочитав од ко го завршив, видов дека сум напишал Грчка Трагедија …

Leave a Reply